6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИ покрај големиот труд Вие не ослабнавте - Зошто е тоа така?

И покрај големиот труд Вие не ослабнавте – Зошто е тоа така?

diet87hhj

Внимавате на исхраната, вежбате, се придржувате до диетата, а не само што не слабеете – туку и додавате килограми? Ако ова е случајот и кај вас, тогаш можно е да правите некои грешки кои не дозволуваат стрелката на вагата да започне да се движи на лево.

Здравата исхрана не е доволна

Ако се храните здраво, не значи дека треба да внесувате храна со двете раце. И покрај здравите намирници, потребно е да се водите сметка за бројот на внесени калории, бидејќи некои од нив сепак се многу калорични.

На пример, авокадото, оревите, маслиновото масло, интегралниот ориз, црниот леб се здрави, но имаат доста калории. Внимавајте и на количината на внесено црно чоколадо или црно вино, бидејќи иако содржат антиоксиданси, сепак се калорични.

Стоп за брзите диети

Не дека нема да ослабете толку колку што ветува еднонеделната диета, но проблемот е тоа што таа тежина не можете да ја задржите. Истиот момент кога ќе се вратите на нормалниот режим на исхрана, ќе ги вратите и килограмите.

Вежбањето не е изговор за прејадување

Ако мислите дека може да си дозволите да се насладите со чоколадна торта, само затоа што после ќе одите во теретана, во заблуда сте. Внесеното парче има околу 500 калории, што значи дека ќе треба да поминете дополнителен час на траката за трчање за да го анулирате внесеното благо.

Помалите оброци се решението

Не секогаш и не кај сите луѓе. Вистина е дека со овој режим на исхрана ќе го забрзате метаболизмот, но тоа не е доволно за да ги изгубите килограмите. Особено, ако „помали оброци“ кај вас значи нормални оброци.

Салатата е диетална

Да, диетална е, доколку не ја прелиете со мајонез, павлака, цезар сос или каков и да е прелив што има двојно повеќе калории од самата салата. Салатата од зеленчук е здрава и диетална, но ако врз неа додавате разни преливи, месо или други не толку диетални намирници, салатата ќе стане калорична бомба, а вие нема да го постигнете посакуваниот ефект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП