10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVeriFone забележа квартална загуба

VeriFone забележа квартална загуба

verifone1

Глобалниот лидер во технологијата за обезбедување на електронско плаќање, американската компанија „VeriFone“, во четвртиот квартал од фискалната година, кој заврши на крајот на октомври, забележи загуба од 247,7 милиони долари, додека во истиот период минатата фискална година оствари профит од 27 милиони долари.

Приходите од продажбата на американската групација, инаку конкурент на француската компанија „Ingenico“, во споменатиот период изнесуваа 431 милион долари (-11,2 проценти), што сепак е повеќе од прогнозата на аналитичарите кои во просек предвидуваа 421,2 милиони, пренесува агенцијата АФП.

За целата фискална година „VeriFone“ смета на приходи од 1,77 до 1,80 милијари долари, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП