17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата 3М предвидува раст во 2014

Компанијата 3М предвидува раст во 2014

3m

Еден од светските лидери во областа на напредните индустриски решенија, компанијата 3М, за 2014 година очекува органски раст од три до шест проценти, со исклучок на валутните ефекти.

Американската групација, активна во секторот за индустриски абразиви, лепила, канцелариски материјали, за наредната година предвидува профит по акција од 7,30 до 7,55 долари, додека аналитичарите во просек очекуваат 7,40 долари и приходи од продажбата во вредност од 32,63 милијарди долари (23,74 милијарди евра), пренесува Ројтерс.

Компанијата 3М предвидува дека во периодот од 2013 до 2017 на откуп на акции ќе потроши до 22 милијарди долари, наместо од 7,5 до 15 милијарди, како што првично беше проценето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП