23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако денес отчукува биолошкиот часовник?

Како денес отчукува биолошкиот часовник?

pregnant

Додека стапката на бременост кај жените помлади од 30 години се намалува од 1990 година, стапката на бремените жени постари од 30 години се зголемува.

Според истражувањето од Центарот за контрола и превенција на болести, бројот на жените кои меѓу 35 и 39 години остануваат бремени се зголемил за 30 отсто.

– Се очекува жените до 30-тата година да и се посветат на кариерата и образованието, а формирањето на семејство го оставаат за подоцна, изјави Рејчел Џојс, висок научен соработник од Институтот Гутмахер.

Во периодот меѓу 2000 и 2009 година стапката на бременост се намалила за 12 проценти или речиси шест милиони бремености.

Стапката на абортуси, исто така, се намалила во периодот меѓу 1990 и 2000 година.

Историски пад е забележан кај тинејџерските бремености во 2009 година. Истражувањето покажало дека се повеќе тинејџерки го пролонгираат сексуалниот однос и користат ефикасни методи за контрацепција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП