26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФабриката Карпош прославува 65 години

Фабриката Карпош прославува 65 години

karposh

Најстарата градежна компанија во Македонија фабрика Карпош АД Скопје прославува 65 години постоење. По трансформацијата од мала работилница со скромен производен потенцијал, денес е водечка компанија за производство и монтажа на префабрикувани елементи од бетон.

Фабрика Карпош и денес важи за водечки производител на бетонски и армиранобетонски префабрикувани елементи за градежната индустрија,како што се бетонски столбови за далеководи, префабрикувани елементи за високоградба, бетонски прагови за железница како и изработка на бетонски и армиранобетонски елементи по порачкка, како и комплетна испорака и монтажа на истите.

Исто така фабрика Карпош е производител на елементи за урбана опрема за партерно уредување, тротоари, паркинзи, монтажни конструктивни елементи за изведба на различни видови објекти. Дополнително дејноста ја проширува на проектирање и  производство на монтажни конструктивни елементи за изградба на крупно панелни згради, семејни куќи, индустриски објекти, армиранобетонски мостови, трафостаници, армирано бетонски цевки и други производи од бетон.

Фабриката во последниот период со набавка на градежна опрема и механизација ја прошири својата дејност во делот на изградба на објекти од нискоградбата, а пред се во делот на припремата и асфалтирањето на улици и патишта.

Развојот на фабрика Карпош се должи на три основни принципи: специјализирани производи, постојана модернизација и усвојување на нови технологии и квалитетни истражувања.

Фабриката Карпош во последните 5 години континуирано го проширува својот асортиман на производи од бетон и од армиран бетон за градежништвото, постепено подобрувајќи ги производите благодарение на своите стручни кадри, усвојувањето на нови современи технологии на производство и соработката со Градежниот факултет и со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Фабрика Карпош денес брои повеќе од 200 вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП