3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГерманците градат своја база во Бразил

Германците градат своја база во Бразил

Brazil Soccer WCup Draw

Фудбалската федерација на Германија (DFB) соопшти дека ќе изгради сопствена база во Бразил, каде ќе претстојува експедицијата на државниот тим за време на Светското првенство во 2014-та година.

„DFB“ соопшти дека кампот ќе биде на 30 километри северно од Порто Сегура во државата Баија и дека неговата изградба е започната. Тој ќе содржи 14 двоспратни куќи за играчите и членовите на репрезентацијата, како и медија центар и терен за вежбање.

kamp germanija

Положбата на базата овозможува кратки патувања со авион до Салвадор, Фортлезе и Ресифеа, каде Германците ќе ги играат своите натпревари.

Германија на Светското првенство во Бразил ќе игра во Групата „Г“ заедно со Португалија, Гана и селекцијата на САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП