2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmerican Airlines купува 60 авиони од Embraer

American Airlines купува 60 авиони од Embraer

americanairlines1

Американската авиокомпанија „American Airlines“ купува 60 авиони од типот Е175 од бразилскиот производител „Embraer“, а вкупната каталошка цена изнесува 2,5 милијарди долари.

Испораката ќе започне во првиот квартал од 2015 година прецизираа од „Embraer“, додавајќи дека оваа година примиле повеќе од 300 нарачки за регионалните џет авиони, пренесува Ројтерс.

Американската компанија нарача и 30 авиони од канадскиот производител „Bombardier“, од типот CRJ900.

„Embraer“ доминира на пазарот за регионални авиони со капацитет од околу 75 патници, додека неговиот канадски конкурент располага со авионите „C-Series“, од малку поголем капацитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП