29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIron Maiden - една од најдобрите британски компании

Iron Maiden – една од најдобрите британски компании

iron maiden

Компанијата „Iron Maiden“ од страна на финансиските експерти е прогласена за една од најдобрите бизнис приказни во изминатите неколку години.

Тие се прогласени за една од шесте организации кои значително ја развиле музичката индустрија во XXI век и се наоѓаат на листата меѓу 1000 најинспиративни компании во Велика Британија.

Лондонската берза исто така го пофали работниот модел на оваа група кој се манифестира со посветена работа и редовни турнеи, и како одличен пример како потенцијалните загуби од неовластената дистрибуција на Интернет, сепак може да се претвори во профит.

„Iron Maiden LLP“, компанијата која стои позади оваа група ја зголеми „online“ базата на фанови на преку милион во текот на најновата светска турнеја „Somewhere Back In Time“. Во текот на овој период, тие работеле одлично, оствариле профит, имале моќна комуникација по пат на Интернет, го зголемиле бројот на вработени и осигурале значајни договори за наредниот период.

Многу интересно е тоа што споменатата турнеја е оддржана воглавном во Бразил, пазар со голем потенцијал, но воедно и најголемиот „file-sharing“ пазар во светот – модел како „Iron Maiden“ од големиот број на неовластените „downloader“ на музика, прави база на корисници кои плаќаат претплата за новите изданија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП