18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVoxan го претстави Wattman

Voxan го претстави Wattman

Voxan Wattman (1)

Три години откако „Voxan“ доби нов сопственик, овој француски мото-бренд на домашен терен претстави концепт на електричен „Сruiser“.

Дека мотоциклите на „Voxan“ наместо класичните агрегати ќе користат електрични, знаеме уште од 2010-та година. Брендот кој по банкротот беше купен од „Venturi Automobiles“ на саемот за мотоцикли во Париз го претстави својот футуристички модел „Wattman“ кој има електромотор.

Voxan Wattman (4)

За придвижување на новиот „Voxan“ наместо бензинскиот агрегат е задолжен електромотор чија снага сега е декларирана на 200KS и 200 Nm вртежен момент. Иако е тежок 350 kg, кои воглавном се поради 12.8 kWh литиум-јонската батерија, овој футуристички мотоцикл благодарејќи на неа до „стотка“ може да забрза за 3.4 s, но и да ја оствари реалативно малата максималната брзина од 170 km/h со цел да се зачува автономијата од 180 km.

Voxan Wattman (3)

За дизајнот на овој мотоцикл на „Voxan“ е задолжен Саша Лакиќ, човекот кој веќе работеше со мото-брендовите, како „Bimote“.

Самата батерија на мотоциклот до капацитетот од 80 проценти може да се наполни за 30 минути по пат на полначот „COMBO II“, а „Voxan Wattman“ може да се полни и преку класичните домашни штекери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП