2 јули, 2025
ПочетнаКОМПАНИИGeneral Motors заминува од Австралија

General Motors заминува од Австралија

gm1

„Holden“, австралиската филијала на американскиот производител на автомобили „General Motors-GM“ би можела да го запре производството во 2016 година.

Компанијата, всушност, има потешкотии со кои во оваа земја во последните неколку години се соочува поради високите трошоци, силната валута и намалениот извоз, пренесува агенцијата Франс прес.

„GM“ држи 10 проценти од австралискиот пазар, а во 2012 година забележа загуба од 153 милиони долари. Компанијата произведува околу 95.000 возила годишно, а извезува само 14.000.

„Mitsubishi“ веќе го напушти австралискиот пазар во 2008 година, а „Fiat“ објави дека своите две фабрики ќе ги затвори во 2016 година.

Од компанијата „GM“ сеуште никој не ја коментираше информацијата која ја објавија австралиските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар