Нов „бизнис агент“, претставен на конференцијата „Conversations“ во Лондон, им овозможува на компаниите да ги автоматизираат секојдневните активности како што се комуникација со клиенти, закажување состаноци, обработка на нарачки и продажба преку „WhatsApp“, „Messenger“ и „Instagram“.
„Meta“ изјави дека повеќе од милион компании веќе користат претходни верзии на неговите деловни чет-ботови со вештачка интелигенција, додека новата генерација алатки ќе им биде достапна на бизниси од сите големини низ целиот свет.

