2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBanco Popolare во прелиминарни преговори за продажба на лошите кредити

Banco Popolare во прелиминарни преговори за продажба на лошите кредити

banco1

Италијанскиот заемодавач „Banco Popolare“ е во прелиминарни преговори со инвеститорите за откуп на неговите ненаплатливи кредити, велат извори од финансиските кругови.

„Четири или пет инвеститори се заинтересирани за ненаплатливите кредити на „Banco Popolare“, вели изворот, додавајќи дека пазарот на лоши кредити во Италија оживува.

Потенцијалните купувачи го разгледуваат портфолиото на „Release“, поврзан субјект со „Banco Popolare“, во чија сопственост се ненаплатливи заеми во износ од 3,2 милијарди евра, според ситуацијата од 30 септември, велат изворите.

Како што кажа во четвртокот министерот за економија Фабрицио Сакомани, американски инвеститори биле подготвени да ги откупат лошите кредити на италијанската банка.

Италијанската централна банка „Bank d’Italia“ им предложи на домашните заемодавачи да ги продадат лошите заеми и така да ги исчистат своите биланси.

Тамошниот банкарски систем е натоварен со вкупно 144,5 милијарди евра ненаплатливи заеми, во тешки моменти за третата најголема економија во еврозоната, која само полека се извлекува од најдлабоката реција од Втората светска војна.

Уделот на лошите заеми во вкупниот број на заеми достигна до 7,5 проценти, што е нивно најголемо ниво од ноември 1999 година, објави италијанското здружение на банките „ABI“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП