5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската комисија е на пат да го сопре Јужниот тек

Европската комисија е на пат да го сопре Јужниот тек

juzen-potok1-564x272

Европската комисија ќе поведе постапка за казнување на Бугарија и Унгарија, како земји-членки на Европската унија, доколку не дојде до промена на сегашниот меѓувладин договор со Русија за изградба на гасоводот „Јужен тек“, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Марлене Холцнер, портпарол на комесарот за енергетика Гинтер Ојтингер, денеска од Брисел испрати порака дека мора да се предоговори меѓувладиниот договор за гасоводот меѓу државите кои потпишаа за „Јужен тек“: Бугарија, Унгарија, но и земјата-кандидат Србија, оти според гласноговорничката, договорите не соодветствуваат на третиот енергетски пакет на Европската унија

– Во однос на овој закон за енергија на ЕУ, договорите со Москва се проблематични во однос три точки. Прво, мора да се раздели производството на гас од неговиот пренос, оти според сегашнито договор тоа би требало во иднина да го прави само една компанија (н.з. “Гаспром”). Второ, гасоводот треба да е достапен и за трети страни кои ќе се заинтересираан да се приклучат, односно производителот е должен да го даде истиот на било-кој што во Европа ќе побара. И трето, гасоводот мора да има независен раководител, а во случајот е „Гаспром“ – истакна портпаролката Холцнер.

Според гласноговорничката на Еврокомисијата, Брисел нема да ја сопре изградбата на гасоводот, што веќе е започната, но дека во моментов кога се почнува со изградбата до првата испорака бна гас, против првите клиенти што тоа ќе го направат без изменет меѓувладин договор по однос на трите точки, Комисијата ќе почне процедура за нарушување по која може да следуваат драконски казни.

Холцнер, денеска порача и дека за оние држави што ќе се вклучат на гасоводот, поради висината на цената ќе треба да земат заем од банка, но ако банката види дека договорот нема правна безбедност, поради спротивставувањето на ЕУ, тогаш може да не потпише или да бара големи гаранции.

– Ние не покренавме процедура против т.н. „Северен тек“ оти истиот се наоѓа под Батичкото море и не е на територија на Унијата. Тоа се меѓународни води и на нив не важат европските закони, иако за овој гасовод, ЕУ има дадено согласност – појасни Холцнер.

Како што е познато, Република Македонија исто така потпиша договор со Русија за да добие крак од гасоводот “Јужен тек”. Сепак, ваквиот развој на настаните, посебно по синоѓешната реакција на официјална Москва дека нема намера да ги предоговара веќе потпишаните меѓувладини договори, може за подолг период да го одложи целиот процес што првично беше планирано да биде комплетиран за пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП