25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony размислува за купување на фабриката Renesas

Sony размислува за купување на фабриката Renesas

Japan Earns Sony

„Sony“ сериозно размислува за купување на фабриката за производство на чипови во Јапонија, но само доколку пронајде начин да го промени нејзиниот фокус на производство.

Претставници на „Sony“ ја посетиле фабриката „Renesas Electronics“ со цел да проценат дали таа е вредна за купување, судејќи според списанието „Wall Street Journal“ кое се повикува на извори кои се запознати со преговорите на двете компании.

Меѓутоа, пред „Sony“ да ја достави понудата, компанијата сака да види колку ќе биде тешко да ја конвертираат фабриката во фабрика за производство на „CMOS“ сензори.

„Renesas“ се наоѓа во големи проблеми во последните години со оглед дека има се поголема конкуренција на пазарот на чипови.

Компанијата произведуваше „LSI“ чипови за бројни електронски уреди, меѓу кои се наоѓаше и „Nintendo“, но падот на продажбата на конзолата „Wii“ сериозно влијаеше на работењето на „Renesas“.

Кога е „Sony“ во прашање, сето тоа се сведува на тоа колку лесно може опремата да биде префрлена во производство за „CMOS“ сензори.

Судејќи според „Wall Street Journal“, овие сензори би биле продавани на производителите на паметни телефони, како и камери, а постои можност „Sony“ да ги користи овие сензори и во своите уреди.

Преговорите моментално се наоѓаат во рана фаза и било какви проблеми или пречки би можеле да ги стопираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП