На 22.04.2026, во Лабораториум во Скопје, се одржа првиот настан на Cyborg Code Syndicate со наслов Engineering the AI-Driven Future.
Станува збор за нова инженерска заедница фокусирана на вештачка интелигенција, софтверско инженерство и open-source иновации, составена од ИТ експерти и AI ентузијасти од различни компании и земји. На настанот присуствуваа околу 100 искусни професионалци од ИТ секторот, меѓу кои архитекти, tech leads, AI инженери и други искусни експерти од повеќе компании.
Иако стануваше збор за приватен настан со публика од високо ниво, темата што ја отвори е значајна за многу поширока публика. Главната порака беше дека вештачката интелигенција повеќе не е нешто далечно или резервирано само за најголемите светски компании. Таа веќе станува дел од секојдневната работа, бизнисот и инженерството, а во иднина сè повеќе ќе влијае врз начинот на кој работат компаниите и професионалците.
Како што посочува основачот Виктор Сушелски, идејата зад заедницата е да им помогне и на локалниот и на глобалниот пазар полесно да ја разберат оваа промена, да останат во чекор со најновите трендови и поефикасно да ја користат AI трансформацијата во секојдневната работа.

„Сакаме да го подигнеме нивото на знаење на пазарот и да помогнеме AI да се користи попрактично и поефикасно. Но истовремено сакаме и да создадеме нешто големо од овој регион – модерни и корисни решенија што ќе имаат глобална вредност.“
Целта на заедницата не е само да се истражуваат AI трендови и концепти, туку тие да се стават во функција – преку пристап на градење решенија што се применливи, одржливи и релевантни за реални проблеми, што ги издвојува и позиционира поразлично на локалната AI сцена.
Cyborg Code Syndicate се претстави како заедница што делува од Македонија, но со интернационален поглед и амбиција. Нејзината мисија е да помогне во транзицијата што AI веќе ја носи, и тоа на практичен и корисен начин како за компаниите така и за професионалците.

Како дел од таа насока, заедницата веќе има развиено и сопствени софтверски решенија за пазарот, наменети да им помогнат на ИТ компании и искусни професионалци поефикасно да ја користат вештачката интелигенција во својата работа. На настанот накратко беа претставени и проектите ROA и Pandora, како дел од пошироката визија за модерно софтверско инженерство во AI ерата.
Со овој прв приватен настан, Cyborg Code Syndicate испрати јасна порака дека Македонија не треба само да ја следи AI револуцијата, туку и активно да учествува во нејзиното градење.
Повеќе информации за заедницата и нејзините активности може да се најдат на cyborgcode.io.







