7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАтлантик Група ја презема дистрибуцијата на Унилевер за Хрватска и Словенија

Атлантик Група ја презема дистрибуцијата на Унилевер за Хрватска и Словенија

unilever

Атлантик Група и Унилевер денес потпишаа договор со кој Атлантик Група, во Словенија и Хрватска, ја превзема дистрибуцијата на еден од најголемите светски произведувачи на производи за широка потрошувачка со приход кој надминува 50 милијарди евра, во чие портфолио спаѓаат глобално познатите брендови Knorr, Rama, Lipton, Bertolli, Hellmann’s, Dove, Axe, Rexona, Cif, Domestos и многу други. Договорот, доколку се земе предвид вкупната годишна вредност на продажбата на портфолиото на двата пазари, е вреден вкупно 32 милиони евра. Со преземањето на дистрибутивното портфолио  на Унилевер на хрватскиот и словенскиот пазар,  Атлантик Група оправдано го потврдува својот статус на водечки дистрибутер во регионот, кој нуди најквалитетно ниво на дистрибутивни услуги со висока реализација на дистрибутивните параметри.

 „Големо признание за нашата работа претставува тоа што една успешна интернационална компанија како Унилевер ги препозна вредноста и потенцијалот на дистрибуцијата кои ги развиваме повеќе од 20 години, и одлучи да даде поддршка на нашиот искусен менаџмент и дистрибутивна поддршка, кои преку давање на врвни услуги и квалитетни односи со купувачите има големо познавање на пазарите. Низ натамошната соработка, ќе ја оправдаме укажаната доверба и заслужената репутација, на обострано задоволство на сите наши купувачи и потрошувачи.” – изјави Емил Тедески, претседател на Управниот одбор на Атлантик Група.

tedes

„Ние во Унилевер се радуваме на новата соработка со Атлантик Група во Хрватска и Словенија, од која имаме големи очекувања. Ние сме многу посветени на овие пазари кои се многу важни за нас, па со потпишување на договор со една од водечките дистрибутери во регионот, сакаме да го зајакнеме нашиот бизнис, да го забрзаме растот, но пред сè, сакаме на нашите клиенти и потрошувачи да им обезбедиме уште поквалитетна услуга.”, изјави Харм Госенс, Извршниот потпретседател на Унилевер за Средна и Источна Европа.

Атлантик Група е водечки дистрибутер за производи за широка потрошувачка во Југоисточна Европа, работи со 16 дистрибутивни центри на овие пазари, има директна испорака до преку 53 000 места за испорака, над 1000 дистрибутивни возила и високо развиена технологија и знаење во управување со клучни купувачи, управување со различните категории производи, логистика и трејд  маркетинг.

goss

Унилевер е една од најпознатите мултинационални компании, нејзиното портфолио го сочинуваат над 400 постоечки брендови, а производите секојдневно ги употребуваат две милијарди потрошувачи ширум светот. Портфолиото на Унилевер е доста широко, сочинето е од прехрамбени производи, производи за лична нега и богата палета производи за домаќинство кои се дел од секој дом. За препознатливоста на брендовите и успехот на компанијата, говори и фактот дека 15-те најпродавани брендови на Унилевер генерираат годишен приход од продажба од над една милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП