4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИShell во потрага по нафта во БиХ

Shell во потрага по нафта во БиХ

shell11

Компанијата „Shell“ ќе добие концесија за истражување на нафта на подрачјето на Босна и Херцеговина, а за целиот проект подготвена е да инвестира 700 милиони американски долари, потврди министерот за индустрија и енергетика Елхад Трхуљ.

„Потпишувањето на конечниот договор може да се случи на крајот на 2014 година“, изјави Трхуљ.

Властите на БиХ планираат да потпишат договор за експлоатација на нафта со „Shell“ на 25 години.

Овој нафтен гигант во септември на влада на БиХ и испрати писмо во кое го изрази својот интерес за преговори за доделување на концесија за истражување и екплоатација на наоѓалиштата на нафта.

„За прв пат имаме сериозен инвеститор“, изјави Трхуљ.

За да откриеме едно наоѓалиште треба да направиме најмалку три бунари, а за секој од нив „Shell“ треба да издвои по 75 илјади долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП