18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНов кинески кредит за Volvo

Нов кинески кредит за Volvo

volvo12vol12

Шведскиот производител на автомобили „Volvo“, потпиша втор договор за кредит со Кинеската развојна банка.

Кредитот вреден 800 милиони долари со рок на доспевање до 2021 година, ќе и помогне на групацијата „Volvo“ во понатамошниот развој и зајакнувањето на структурата на капиталот во наредните години, пренесува агенцијата Франс прес.

Претходниот кредит од 922 милиони долари му помогна на „Volvo“ во предвремено отплаќање на уште еден кредит, кој му беше одобрен од Европската инвестициска банка.

Шведската компанија која од 2011 година бележи загуба, има голема надеж во кинескиот пазар за автомобили. „Volvo“ планира почеток на производство во втората и третата кинеска фабрика, а Кина наскоро ќе стане неговиот најголем пазар, надминувајќи ги САД, каде продажбата бележи пад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП