2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајкуваат вработените во Amazon

Штрајкуваат вработените во Amazon

amasht1

Стотици работници во интернет дистибутерската компанија „Amazon“ во Германија денес стапија во штрајк.

Штрајкот, според најавата на синдикатот, ќе биде повторуван до Божиќ доколку компанијата не ги зголеми платите.

Еднодневниот штрајк во дистрибутивниот центар во Бад Херсфелд и Лајпциг е последен во низата на неприсуство на работа во рамките на настојувањата на синдикатот „Верди“ да постигне договр за платите, сличен на договорот кој го имаат работниците во малопродажбата и продажбата преку начарки.

„Amazon“ веќе се согласи да ги исплати божиќните бонуси, а синдикатот наведува дека тоа не е доволно и дека компанијата може сама да одлучи дали ќе постојат уште штрајкувања.

Оваа компанија наведува дека работниците во нејзините магацини и логистички центри се платени подобро од работниците во другите сектори.

Синдикатот „Ведри“ застапува 2.000 работници во Лајпциг и 3.300 во Бад Херсфелд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП