3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNovartis продолжува со откуп на акции

Novartis продолжува со откуп на акции

novnovartis

Швајцарската фармацевтска компанија „Novartis“ започнува нова програма за откуп на сопствените акции, во наредните две години, во вредност од пет милијарди долари.

Програмата е дел од финансиската стратегија и со нејзината реализација филијалата за офталмологија „Alcon“ ќе биде целосно интегрирана во компанијата, а износот на долгот ќе биде намален, се наведува во соопштението кое го пренесува швајцарскиот весник „20 минути“.

Пред 10 дена „Novartis“ најави дека ќе ја продаде својата филијала за дијагностика во Калифорнија на шпанската компанија „Grifols“ по цена од 1,7 милијарди долари (1,6 милијарди евра) и дека во иднина ќе се фокусира на својата стратешка активност, односно, фармацијата и офталмологијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП