1 мај, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИЕвропската Централна Банка со шокантни објави!

Европската Централна Банка со шокантни објави!

ECB

Берзата дивееше по неочекуваните објави на европската централна банка!

Вчера проследивме многу интересен ден на берзата. Токму пред објавата на извештајот на трговскиот комитет на САД, а во моментот на една минута по затворањето на европските пазари следеше шокантна изјава од претставник на ЕЦБ дека многу сериозно се разгледува можноста за намалување на депозитната каматна стапка на -0.1%.

Зошто !? Па веке се намали каматната стапка на 0.25%,  еврото преживеа, поминаа силни ЛТРО програми, еврото преживеа, се случија намалувања на рејтинзи и повторно ништо. А секако и нема ништо од долгоочекуваниот раст во еврозоната. Дури имаме и дефлација ! Па … зошто да не !?

Одиме во минус со депо каматата, по примерот на Данска и Швајцарија а друго и не останува. Но да заклучиме, значи во услови кога е испробано се и сешто од арсеналот на ЕЦБ а притоа сеуште немаме раст дури и проследено е со ниска инфлација, единствено останува уште ова да се проба.

Иако е неофицијално, пазарот ја протолкува како суперлогична мерката која ќе го дестимулира непродуктивното чување на средтствата во депозити и дека ќе мора да се оди во акција. Како и да е еврото вчера потона во однос на американскиот долар од 1.354 на 1.344 за неколку минути.

Очигледно е и дека се настојува заради потикнување на производството да колку што е можно се успее во намерата да се држи на пониско ниво. Веројатноста за понатамошен пад е сега зголемена а следни нивоа на поддршка се 1.338 и 1.328 а погоре на 1.355 е дефинирана граница. Но да внимаваме денес при објавата на прелиминарните индекси на производство во земјите на еврозоната. За Франција во 9:00, за Германија во 9:30 часот и збирниот за еврозоната во 10 часот и доколку се добри можно е еврото сепак да задржи здив.

Од друга страна вќера исто така имавме слична ситуација или обид за ослабнување на австралискиот долар кога претставник на монетарната власт во говор изрази мислење дека наводно австралискиот долар е преценет за околу 10% повеќе од моменталната вредност!? Нормално, австралискиот долар ослабна но сеуште не ја има преминато бариерата на поддршка на 0.929 а доколку ја премине можен е долг надолен тренд.

А вчера беше и извештајот на трговскиот комитет на САД за согледувањата во економијата и на пазарите кој е искучително важен. Доста воздржано, без премногу оптимизам но ни песимизам се констатира дека земјата продолжува бавно да се придвижува нанапред и дека почнуваат да “размислуваат“ и за можноста за укинување на олеснувањата и импликациите врз економијата од истите.

Воглавно тоа е иста некоја реторика на големо ништо но како одминува времето сфаќаме дека ако ништо друго сепак сме барем чекор поблиску до кратењето за разлика од што сме биле минатиот минатиот месец под услов некогаш во иднина да се случи. Таквиот извештај малку му даде малку сила на американскиот долар но не може да се рече дека би довело до порадикална промена или силен тренд.

Губитник во ваквиот развој на настаните беше златото кое падна под 1250 и го затвори денот под оваа психолошка граница. Веројатно и тука инвеститорите ја изгубија вербата. Иако има наплив од ефтини пари сепак нема инфлација, и по малку парадоксално но економската состојба изгледа е стабилна или така речено благ раст од 0.1% со инфлација од 0.1%!

Утрово околу 3 часот по со свој извештај излезе и централната банка на Јапонија. Не е чудно и тие слично на сите други да со својот извештај и реторика го потикнат падот на својата валута.

Во денешно време и под вакви тешки економски околности натпреварот кој прв и поуспешно ќе ја ослабне својата валута (надевајки се дека со тоа ќе ја подобри економијата, ќе го стимулира производство и ќе избегне дефлација и зголемување на невработеност) стана главен спорт во кој се натпреваруваат централните банки. Секако првата битка ја доби Швајцарија која не ги почитуваше правилата на “фер“ игра и одма јавно кажа па и  го направи франкот да е практично врзан за еврото на ниво 1.2-1.25 по пат на дирекно купување на евра за “свежо“ отпечатени франци.

Потоа следеа Јапонците со дирекна интервенција на продавање на пазарот на пари со олеснување до недоглед од САД. Потоа и Европа со поширок спектар на трикови.

Единствена корист од ваквите агресивни политики имаа инвеститорите во акции а посебно шпекулантите на форекс пазарот доколку внимаваа на правовременоста при влез и излез на купопродажните налози.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП