4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГласање во Нокиа: Продажба или не?

Гласање во Нокиа: Продажба или не?

Nokia

Акционерите во компанијата „Нокиа“ се сретнаа во Хелсинки за да гласаат за планот на компанијата за продажба на одделението за мобилни телефони и портфолиото за патенти на „Мајкрософт“.

Иако на времето беше доминантна на пазарот на мобилни уреди, оваа финска компанија загуби голем дел од светскиот пазар, поради тоа што „Ејпл“ и „Гугл“ ги надминаат на полето на паметни телефони.

„Нокиа“ не го промени местото на состанок на акционерите во поглема сала, поради тоа што околу 5.000 акционери се пријавиле да гласаат.

Финските медиуми истакнуваат дека се очекува акционерите да го одобрат планот, затоа што цената на акциите на „Нокиа“ скоро двојно се зголемија од септември по најавената продажба.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП