3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалени долговите на Alpine

Намалени долговите на Alpine

GERMANY ECONOMY ALPINE

Долговите на австрискиот градежен концерн „Alpine“, кој отиде во стечај, минимално се намалени на помалку од четири милијарди евра.

„Пријавените побарувања во меѓувреме се намалија на нешто под четири милијарди евра“, изјави стечајниот управник Штефан Рил, кој потсети дека долговите на „Alpine“ изнесуваа 4.2 милијарди евра.

Како што наведе Рил некои од спорните случаи се решени, а некои од побарувачките се повлечени. Сега според зборовите на Рил, нема повеќе да „експлодира никаква нова бомба“.

„Сега се наоѓаме во фаза на решавање“, вели Рил додавајќи дека од продажбата на градежните машини на „Alpine“ добиле повеќе од 10 милиони евра нето.

Продажбата на подвижниот имот на „Alpine“ се уште е во тек, а започната е и продажба на недвижностите на концернот.

Според информациите постојат 21 недвижност, меѓутоа со симулативно право на залог на „Erste bank“ се во вредност од околу 60 милиони евра.

Договорот за залог е склучен во март оваа година, при обидот компанијата да се реструктуира, па поради тоа треба да се провери дали договорот ќе биде признат.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП