“Имајќи ја предвид посветеноста и залагањето на вработените во извршувањето на работните обврски, а по повод летните одмори, „Макпетрол“ АД Скопје информира дека на своите вработени им исплати регрес за годишен одмор во нето износ од 48.000 денари по вработен. Грижата за вработените е значајна за долгорочниот успех на Друштвото и претставува дел од корпоративната политика на „Макпетрол“ АД Скопје”, се вели во соопштението на компанијата објавено на Македонска берза.
Макпетрол на своите вработени им исплати регрес за годишен ормор од 48.000 денари

