Во време на економска неизвесност и постојан раст на животните трошоци, сè повеќе граѓани и компании се соочуваат со предизвикот на зголемена задолженост. ЕОС Матрикс, како дел од водечката европска групација за управување со побарувања, нуди современи решенија што го олеснуваат овој процес.
Разговаравме со д-р Катерина Бошевска, генерален директор на ЕОС Матрикс Македонија и Косово, за трендовите на пазарот, новите алатки што им стојат на располагање на корисниците, како и резултатите што ги постигнува компанијата во првата половина од 2025 година.
Денар: Неодамна објавивте дека и покрај зголемените пазарни предизвици, 29,2 отсто од должниците целосно ги отплатиле своите обврски во рок покус од три години, откако EOS Матрикс го презел нивниот предмет. Можете ли да ни откриете од каков профил се корисниците на услугите на компанијата, имено, дали повеќе Вашата експертиза ја бараат компании или граѓани од земјава?
Одговор: Услугите на компанијата ЕОС Матрикс се барани и од двата вида на корисници во земјава, кои препознаваат квалитет и професионалност во работењето. Токму фактот што 29,2 отсто од должниците целосно ги отплатиле своите побарувања за рок покус од три години, доволно говори зошто и бизнис секторот, но и граѓаните, треба да имаат доверба во нашата компанија, во делот на следењето и управувањето со нивните долгови. Дополнително, ние сѐ повеќе го практикуваме моделот на поблиска комуникација со корисниците, која подразбира и теренска посета, како и личен контакт со оние наши клиенти кои тоа го прифаќаат, а сѐ во функција на поголем успех при наплатата. Овој начин на работење и непосредна комуникација со нашите корисници даде еден навистина позитивен ефект. Во последниве шест месеци беа посетени 3.600 клиенти од земјава, а наплатата беше зголемена за околу 15 проценти, така што, можеме да констатираме дека овој модел на работење е едно навистина позитивно искуство. Во работата со нашите клиенти голема поддршка е напредната финансиска експертиза. Како членки на групацијата ЕОС која е присутна на пазарите во повеќе од 20 земји, ние имаме пристап до иновации и нови технологии во индустријата, кои ни овозможуваат ефикасно развивање на нови финансиски инструменти. Тоа овозможува развој на нашата компанија, но и развој на секундарниот финансиски пазар. Со тоа нашето делување на пазарот има многу поголемо значење за општеството и за економскиот развој. Активно придонесуваме за подобрување на финансиската солвентност на македонските граѓани и компании, кон закрепнување на нарушените релации во должничко-доверителските односи и кон подигнување на конкурентноста на македонските компании. Инаку, според евиденцијата на ЕОС Матрикс, просечната возраст на задолжените граѓани кои ги користат нашите услуги, се движи меѓу 40 и 46 години.
Денар: За јуни годинава Државниот завод за статистика измери зголемување на трошоците на живот за 4,5 отсто во однос на претходната година, но и за 0,8 проценти на месечно ниво. Дали фактот што инфлацијата и натаму останува „отпорна“, носи и нов пораст на задолженоста кај граѓаните и дали поради тоа се зголемија барањата за Вашите услуги?
Одговор: Најновите податоци на Државниот завод за статистика, според кои годишното ниво на раст на трошоците на живот во јуни изнесуваше 4,5 проценти, говорат дека инфлацијата и натаму создава загриженост на економски план во земјава, дотолку повеќе што растот на цените и на трошоците на живот е нешто што директно атакува на животниот стандард на граѓаните. Тие, пак, токму поради растечките трошоци на живот, многу често се принудени да се задолжуваат, а нивните долгови во одреден период знаат и „да излезат“ од контрола и да станат тешки за менаџирање, и токму затоа е потребна нашата експертиза за нивно правилно управување. Односно, со услугите кои што ги нудиме, како што се професионално управување, персонализирани решенија и поддршка базирана на иновативни дигитални решенија, покажавме дека може да се постигне одржливо решавање на обврските. Имено, нашата стратегија се темели на комбинација од професионален пристап, технолошки иновации и транспарентна и лесно следлива комуникација. Дополнително, во изминатиот период успеавме и да ја зголемиме ефикасноста на процесите, воведувајќи иновативни дигитални алатки. Тоа, пак, ни овозможи да го прошириме фокусот и кон клиентите со зголемен ризик, со цел и нив да им понудиме реални и изводливи решенија, прилагодени токму на нивната финансиска состојба.
Денар: Можете ли да ни откриете какви резултати оствари ЕОС Матрикс Македонија за првото полугодие од годинава, односно дали има зголемување на наплатата, како и на целосното затворање на предметите?
Одговор: Податоците говорат дека во првите шест месеци од годинава обемот на работа на ЕОС Матрикс Македонија е зголемен за 46 отсто во однос на истиот период од минатата година. Тоа се должи и на фактот што банките во земјава сѐ повеќе го прифаќаат овој модел на работа. Задолженоста е намалена за 15 проценти. Додека, пак, во периодот од јануари заклучно со јуни годинава, бројот на целосно затворени предмети е зголемен за 28 проценти во однос на минатата година. Ваквите резултати се сериозен доказ дека ЕОС Матрикс им нуди на своите корисници достапни партнерски решенија за поефикасно регулирање на обврските, кои се прилагодени на висината на нивниот долг, староста на побарувањето, правниот статус, како и на останатите релевантни фактори кои влијаат на решавањето на нивната состојба на задолженост. Нашите врвни приоритети остануваат да бидат подигнување на квалитетот на услугите, информирање, како и едуцирање на корисниците, но и на пошироката јавност во земјава.
Денар: Колку Вашите корисници ја применуваат MyEOS алатката, која е промовирана неодамна и е дигиталната платформа што овозможува онлајн увид во состојбата, персонализирани совети и флексибилни модели за отплата?
Одговор: Интересот за употреба на оваа алатка, која на корисникот му овозможува онлајн следење на неговата финансиска состојба, континуирано се зголемува.Од воведувањето на MyEOS алатката, од почетокот на годинава, бројот на корисници на апликацијата расте во континуитет. Се работи задигитална и современа платформа дизајнирана за клиентите да можат брзо, лесно и безбедно да управуваат со своите финансиски обврски. Преку свој профил, корисниците можат да вршат онлајн плаќања, да ја следат состојбата и да добијат персонализирана поддршка. Карактеристика на MyEOSефактотшто оваа платформаовозможува флексибилна наплата, односно еднократна или делумна отплата, прилагодена на финансиската состојба на корисникот и претходно договорените услови. Тимот на EOS нуди континуирана поддршка и насоки низ целиот процес. Плаќањата, пак, се следат во согласност со утврдената динамика, со посебно внимание на роковите, а со цел навремена отплата, избегнување дополнителни трошоци и остварување на конечната цел – забрзано ослободување од задолжувањата.



