1 јули, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Shell“ вели дека нема планови да даде понуда за „BP“

„Shell“ вели дека нема планови да даде понуда за „BP“

„Shell“ изјави дека нема планови да даде понуда за „ВР“, негирајќи ги претходните медиумски извештаи дека две од најголемите европски енергетски компании се во активни разговори за спојување.

Соопштението на „Shell“ ги потиснува шпекулациите дека компаниите ќе се спојат по неколку години слаби резултати за „ВР“ и растечкиот притисок од акционерот „Еlliot Investment Management“.

„Shell“ вели дека е обврзана од британските закони за преземање, кои во голема мера ја спречуваат да даде понуда за „ВР“.

„Како одговор на неодамнешните медиумски шпекулации, ‘Shell’ сака да разјасни дека активно не размислува да даде понуда за ‘ВР’ “, соопшти компанијата.

„Shel“l не контактирал ниту имал никакви разговори со „ВР“ во врска со потенцијална понуда“, додаваат од компанијата.

Акциите на „ВР“ пораснаа за 10% откако Волстрит журнал објави дека компанијата е во рана фаза на разговори за аквизиција со својот поголем конкурент.

Долгорочните слаби резултати на „ВР“ во голема мера се должат на нејзината јаглеродно неутрална стратегија, предводена од поранешниот извршен директор Бернард Луни. Тој ќе ја напушти компанијата во 2023-та година, оставајќи го својот наследник, Мареј Очинклос, да најде начин да се справи со неуспешната стратегија за чиста енергија.

Во февруари, Очинклос објави пресврт што вклучува враќање кон нафтата и гасот, намалување на откупот на акции и ветувања за продажба на средства и отплата на долгот. Новата стратегија е дочекана со млак прием од многу инвеститори.

Во овој контекст, „ВР“ сè повеќе се смета за потенцијална цел за преземање. Иако ниту една компанија сè уште не понудила договор, се вели дека некои од конкурентите на БП размислуваат за таква опција.

Во мај, „Bloomber“ објави дека „Shell“ ги истражува предностите на аквизицијата, но чека цената на акциите на „ВР“ и цените на нафтата дополнително да паднат пред да одлучи дали да даде понуда.

Иако изјавата на „Shell“ ги смирува повеќето шпекулации за преземање околу „ВР“, шестмесечниот мораториум според правилата за преземање на Велика Британија не е апсолутен. Може да се прекине рано во ограничен број исклучителни околности, вклучително и ако „ВР“ добие понуда од друг потенцијален купувач.

Во меѓувреме, големите промени во „ВР“ ќе продолжат. Компанијата е во потрага по нов претседател откако Хелге Лунд ја објави својата намера да се повлече во април. Улогата на Лунд како клучен поддржувач на стратегијата за јаглеродна неутралност на компанијата предизвика критики од „Elliott“, кој останува еден од најголемите акционери на „ВР“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар