1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank го купува Forbes?

Deutsche Bank го купува Forbes?

forbes

Издавачката куќа „Forbes Media LLC“ ги разгледува понудите за купување на истоименото списание, објави „Bloomberg“. Главен акционер и претседател на бордот на директори на медиумот е Стив Форбс.

Тој и неговите партнери ја разгледуваат примамливата понуда која е пристигната од засега неименуван купувач. Според информирани извори станува збор за „Deutsche Bank“. Се очекува, ако се дојде до договор, тој да не е за помалку од 400 милиони долари.

„Forbes “ кое е нарекувано уште списанието на богатите, почна да излегува во 1917-та година. Изданието е специјализирана во подготовката на секакви класици и рејтинзи, поврзани со големите пари и/или едноставно со влијание – најбогатите актери, најбогатите политичари, најбогатите спортисти, највлијателните луѓе во светот или во одделни земји и региони. Во 2012-та година медиумот има заработено 275 милиони долари од реклами. Бројката е импозантна, но со 19 проценти помала од онаа во 2008-та година, годината пред почетокот на светската економска криза.

Од тогаш наваму профитот на „Forbes“ паѓа непречено, но стабилно. Тоа е веројатно причината Стив Форбс да се одлучи да го продаде, особено во присуство на понуда. Во 2011-та година беше пуштена европска верзија на „Forbes“. Списанието се издава под лиценца на соодветниот јазик и во Русија, Полска, Украина, Јапонија, Бразил, Кина и Кореја. 45 проценти од акциите на „Forbes“ во 2007-та година беа купени од „Elevation Partners“ – компанија, во која косопственик е фронтменот на „U2“ Боно Вокс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП