19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНово од БиМилк – Бибенд сокови за деца

Ново од БиМилк – Бибенд сокови за деца

bibandnaslovna

Бимилк ги претстави новите сокови за деца БиБенд во пакување од 200мл. Посебно дизајнирани како пријатели на децата, овие сокови засега се достапни во три вкуса, портокал, праска и АЦЕ, секој од нив претставен со различен карактер, Фани, Биби или Аце кои заедно сочинуваат еден музички бенд. Ова е уште еден начин да се доближат Bifruit соковите до децата и да се развие нивната навика за редовно конзумирање на здрави и вкусни овошни сокови.

Првично BiBand соковите се достапни со вкус на портокал, на праска и сок кој ги содржи трите витамини A, Ц и Е, но палетата на производи во иднина ќе се проширува со цел да се понуди поголем избор за децата.

„Овошните сокови не само што не освежуваат, туку тие се добар извор на витамини неопходни за здрав и активен живот. Новиот бренд BiBand на Бимилк има за цел да ги доближи овошните сокови до децата, да им ги претстави како нивни пријатели и со тоа да допринесе за стекнување на добри навики неопходни за здраво и безгрижно детство.“ – изјави Игор Ивановски, координатор за категорија сокови во Бимилк.

biband33

Компанијата која повеќе од 15 години произведува овошни сокови, за прв пат го воведува овој производ согласно своите настојувања да ги следи и остварува желбите и потребите на купувачите, а особено на децата преку создавање на производи кои во целост одговараат на нивните потреби. Најпрво тоа беше витаминското млеко, а сега Битолска Млекара го проширува своето портфолио со новите сокови за деца, БиБенд.

Млекара АД Битола е најголемата млекара во Р. Македонија со капацитет на преработка на млеко од над 65 милиони литри годишно која посветува врвно внимание на квалитетот и поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната – ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната околина ISO 14000. Млекара АД Битола е единствена млекарница во Р.Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е врвен доказ за квалитетот на нашите производи. Од 2007 година Млекара АД Битола е дел од најголемата групација на млечна индустрија на Балканот – Danube Foods Group.+

biband22

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП