24 мај, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕПоложбата во која спиете открива колку долго ќе живеете: Дали лежите на...

Положбата во која спиете открива колку долго ќе живеете: Дали лежите на погрешната страна од креветот?

И верувале или не, не е сеедно како спиете.

Секој од нас има свои мали ритуали пред спиење.

Некои луѓе сакаат тивка музика во позадина, други не можат да заспијат без целосна тишина. Некои користат ноќни светла, а други ги спуштаат ролетните до крај. Но, постои уште една работа што често ја занемаруваме – положбата во која спиеме.

И верувале или не, не е сеедно како спиете. Имено, одредени пози можат да влијаат на вашето здравје и долговечност, предупредуваат експертите.

Најздравата положба за спиење

Според лекарите, најдобрата положба за долг и здрав живот е спиењето на лева страна. Ова се причините:

Му помага на мозокот да се исчисти од „отпад“

Додека спиеме, нашиот мозок го користи таканаречениот глифатичен систем за да се ослободи од штетните супстанции. Спиењето на страна, особено на левата страна, поттикнува подобра „дренажа“ и може да го намали ризикот од невролошки заболувања, објаснува д-р Хелен Месијер, специјалист за долговечност.

Ја подобрува циркулацијата

Лежењето на левата страна го намалува притисокот врз шупливата вена – големата вена што ја враќа крвта во срцето. Ова е особено важно за бремени жени и лица со срцеви заболувања, вели експертот за спиење Ендру Колски.

Подобро варење на храната

Бидејќи желудникот и панкреасот се наоѓаат на левата страна од телото, спиењето на таа страна го олеснува преминувањето на храната и ензимите и ги намалува горушицата и рефлуксот на киселина.

Го штити ‘рбетот и ја намалува болката

Ортопедскиот хирург д-р Гболахан Окубадеџо советува дека покрај спиењето на страна, треба да користите и перница помеѓу колената за да ги усогласите колковите и да го ослободите притисокот врз долниот дел од грбот.

Ако сте љубител на феталната положба – одлично! Имено, оваа положба дополнително ги ублажува болките во грбот и се препорачува за луѓе кои страдаат од дискус хернија.

Најлошата положба за долг живот?

Експертите се согласуваат дека спиењето на стомак е најлошо за вашето здравје. Го оптоварува вратот и ‘рбетот и го отежнува дишењето.

„Ако лежите на стомак, мора да ја свртите главата на страна за да дишете, што врши притисок врз вратот и ‘рбетот“, објаснува Колски.

Ако не можете без да спиете на стомак, користете перница што е што е можно порамна или спијте без неа, и ставете мала перница под колковите за да ја намалите напнатоста во долниот дел од грбот.

Спиењето е повеќе од поза

Секако, положбата на спиење е само дел од приказната.

Квалитетот и времетраењето на спиењето се поважни за долговечноста. Експертот за нарушувања на спиењето, д-р Челси Пери, вели дека во моментов нема поголеми истражувања кои јасно би ја поврзале одредена положба на спиење со подолг живот.

Она што го знаеме е дека доследниот, квалитетен сон и добриот душек се клучни. Се препорачуваат душеци со средна тврдост или мемори пена што го поддржува ‘рбетот.

„Наместо да се оптеретувате за вашата положба, фокусирајте се на тоа да спиете квалитетно од седум до девет часа секоја вечер“, заклучува д-р Вош.

Ако сакате да живеете подолго, обрнете внимание на вашиот сон, но не само на положбата во која спиете. Изберете квалитетен душек, обрнете внимание на времетраењето и длабочината на вашиот сон, избегнувајте екрани пред спиење и обезбедете си пријатна и мирна средина. И ако веќе можете да изберете позиција – левата страна е добар почеток, пишува Yahoo.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП