Сивата економија е една од главните предизвици во Е- трговијата, тоа е проблемот со реалната конкуренција во дејноста.
Таканаречените Фејзбук продавачи или диви трговци на социјалните мрежи со своите производи не само што вршат штета на оние кои редовно си ги плаќаат обврските кон државата, туку ја менуваат сликата за е- трговијата. Е- трговијата е сериозна брзорастечка индустрија, каде што мора да се усогласувват и хармонизираат правила и закони согласно потребите на дејноста. Со промени на конкретни закони се дава простор за работа на бизнисот. Не се работи само за контроли и санкции за компании кои регуларно работат, а останатите да бидат и натаму невидливи за институциите. Од Асоцијацијата за е- трговија потенцираат дека државата мора да го слуша гласот на бизнисот.
Во регионот веќе почна да функционира дигиталната фискализација. Во Македонија има добра фискализација, но таа фискализација веќе трба да се дигитализира, велат од Асоцијацијата за Е – трговија. Целиот систем на продажба во интернет просторот да се интегрира и да се олесни процесот на бизнисите перфектно да функционираат треба да се воведе дигитална фискализација. Од Асоцијацијата велат дека за оваа реформа која тие ја бараат има слух од државата, веќе започнати се активности од страна на министерството за финансии и со Управата за јавни приходи.
„Таквите сиви трговци не плаќаат 18 отсто ДДВ, не плаќаат 10 отсто данок на добивка, тоа се околу 30 до 40 отсто срердства кои тие не ги плаќаат на државата за разлика од регуларните е- трговци. Тоа им дозволува да бидат и до 35 а можеби и повеќе поевтини или нивните производи да бидат поевтини од производите на официјалните трговци. Тука треба државата да превземе посериозни мерки и да направи напор да се заштитат тие кои ги почитуваат правилата. Да ги заштити фер играчите. Има дури и дел од трговците кои не знаат како легално да се работи. Ние направивме и прирачници како да се регистираат и да излезат од таа сива зона. Ние ги поддржуваме тие што од сива зона преминуваат во регуларни продавници, но тие што остануваат и натаму мора да се санкционираат. Тие што не знаат треба да се научат, а тие што злоупотребуваат треба да се санкционираат“, велат од Асоцијацијата за Е – трговија.
Само на тој начин ќе се зголему приходот од собирање на ДДВ, но секако тие што се регистрирани да имаат олеснет начин за функционирање за работа, додаваат од Асоцијацијата.
Инаку, нерегистрираните е- трговци може да се доведат до кривична постапка против нив со образложение дека тие освен што се нерегистрирани тие продаваат производи за кои не се знае ниту од каде се набавени ниту пак кој ги купува, а најчесто се и со сомнителен квалитет.
И.П