2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФормирање на најголемата авиокомпанија

Формирање на најголемата авиокомпанија

american1

Американското Министерство за правда дозволи спојување на авиопревозниците „American Airlines“ и „U.S. Airways“, со што ќе биде формирана најголемата авиокомпанија во светот.

Спојувањето на компаниите е дозволено под услов тие да се откажат од дел од сегашните привилегии, пренесува агенцијата АП.

Вашингтон во август го попречи спојувањето на компаниите, наведувајќи дека тоа ќе ја загрози конкуренцијата и ќе ги зголеми цените за патниците.

Двете компании, од друга страна, тврдат дека нивното спојување ќе ја зајакне конкуренцијата, бидејќи компаниите како што се „United Airlines“ и „Delta Airlines“, кои неодамнаа имаа голема аквизиција, ќе добијат уште еден голем ривал.

Спојувањето на авиокомпниите допрва треба да биде одобрено од федералниот судија во Вашингтон, а според договорот, „American Airlines“ и „U.S. Airways“ треба да се откажат од дел од правата на слетување и полетување, односно од местата на вашингтонскиот аеродром „Reagan National“ и њујоршкиот „LaGuardia“, а одреден број на влезови на аеродромите во Бостон, Чикаго, Лос Анџелес, Далас и Мајами ќе мора да ги отстапат за нискобуџетните авиопревозници, со цел да се намали влијанието на спојувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП