30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMonsanto се проширува: 30 милиони долари во Турција

Monsanto се проширува: 30 милиони долари во Турција

monsanto

Американската хемиска и биотехнолошка компанија „Monsanto“, инвестира 30 милиони долари во проширување на фабриката за преработка на семиња во Турција.

Како дел од целокупното зголемување на капацитетот во европските фабрики, оваа инвестиција ќе го зголеми производството во турската филијала на 1,25 милиони пакети семиња од сегашните 250 илјади. Речиси 40 проценти од производството е наменето за извоз.

„Зголемувањето на капацитетите во Турција одговара на семенско производство за 3.000 хектари земјиште. Инвестицијата ќе ја зголеми и вработеноста во сезонските земјоделски работни места“, изјави Елу Асаф, претставник на „Monsanto“.

Компанијата „Monsanto“ во Турција е присутна од 1997 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП