2 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка АД Скоје ќе исплати висока дивиденда на акционерите

Стопанска банка АД Скоје ќе исплати висока дивиденда на акционерите

Собранието на акционери на Стопанска банка АД Скопје  донесе Одлука за исплата на дивиденда за обични акции во вкупен бруто износ од 3.998.381.220,00 денари.

Со приложената Одлука се предлага остатокот од расположивата добивка од 2022 година во износ од денари 892.001.332,00 и дел од расположивата добивка од 2023 година во износ од денари 3.106.379.888,00, или вкупен износ на денари 3.998.381.220,00 да се исплати како бруто дивиденда на имателите на обични акции на Стопанска Банка АД-Скопје.

Бруто дивиденда по акција изнесува 229,00 денари.

Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на Акционерската книга, e 16.06.2025 година.

Исплатата на дивиденда ќе се реализира почнувајќи од 10.07.2025 година и истата ќе биде исплатена во готово, на платежните сметки на имателите на обични акции.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 12.06.2025 година.

Прв ден на тргување без право на дивиденда е 13.06.2025 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП