25 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИОблачниот бизнис носи нов добар извештај за SAP

Облачниот бизнис носи нов добар извештај за SAP

Профитот на „SAP“ во првиот квартал ги надмина очекувањата на аналитичарите, бидејќи маржите на најценетата компанија во Европа беа зголемени од фокусот на гигантот на услугите во облак.

Прилагодената оперативна добивка се зголеми за 58% при константни валути на 2,5 милијарди евра, објави компанијата со седиште во Германија. За споредба, просечната прогноза на аналитичарите анкетирани беше за 2,24 милијарди евра.

Софтверот за планирање на корпоративните ресурси на „SAP“, кој се користи за сметководство, набавки и човечки ресурси, обично бара од клиентите да склучат договор, со што се обезбедува постојан прилив на приходи. Околу 86% од приходите од продажба на „SAP“ во последниот квартал дојдоа од такви периодични приходи, што помогна компанијата да се заштити од економски превирања и стравови од рецесија во САД, изјави главниот извршен директор Кристијан Клајн во интервју за „Bloomberg Television“.

Цената на акциите на „SAP“ порасна за 9,1% рано во среда пред отворањето на пазарот во Франкфурт. Акцијата порасна за 32% во изминатата година, а во март пазарната капитализација на „SAP“ ја надмина онаа на „Novo Nordisk“ и „LVMH“.

Приходите од облак по константни девизни курсеви се зголемија за 26% на 4,99 милијарди евра во споредба со прогнозата од 5,05 милијарди евра. „SAP“ ја потврди својата прогноза за приходите од облакот за 2025-та година, очекувајќи износот да биде помеѓу 21,6 милијарди и 22,1 милијарди евра. Сепак, компанијата тврди дека „сè подинамичната средина подразбира зголемено ниво на неизвесност и помала предвидливост“.

Тековните нарачки за „cloud“ услуги за следните 12 месеци пораснаа за 29% по константни валути на 18,2 милијарди евро.

„SAP“, исто така, започна со корпоративни промени, почнувајќи од почетокот на 2024-та година. Направи намалување на работните места, што помогна во зголемувањето на профитот.

Иако „SAP“ не е директно засегнат од американските царини, неговите клиенти можеби веќе реагираат на економската неизвесност. Растот и во бизнисите за лиценцирање и во бизнисите за претплата во облак забави во првиот квартал, според анкета овој месец спроведена од „Морган Стенли“ меѓу 30 препродавачи на „SAP“. Забавувањето се должи главно на САД – нивниот најголем пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП