4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИElectronics Arts работи со намален интензитет

Electronics Arts работи со намален интензитет

elektronik

„Electronic Arts“ вели дека ќе успее да постигне многу помалку отколку што се очекуваше, „благодарение“ на тоа што луѓето не се заинтересирани за нивниот нов наслов „Medal of Honor“.

Во соопштението, „ЕА“ нагласува дека индустријата се бори со намалената побарувачка, а исто така изјавува дека нивната франшиза „Medal of Honor“, по разочарувачката продажба ќе оди на пауза. Од друга страна како дел од денешното финансиско соопштение, „Electronic Arts“ објави дека „FIFA 13“ е продадена во 12 милиони примероци во последниот квартал, што е зголемување од 23 отсто во однос на минатата година.

„Electronic Arts“ објави нето приход од вкупно 922 милиони долари што е помалку од минатогодишните 1,06 милијарди. Меѓутоа компанијата за овој период пријавила 45 милиони долари загуба, па од страна на извршниот директор, овој квартал беше наречен „предизвикувачки“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП