27 март, 2025
ПочетнаКОМПАНИИОдлична 2024 година за Пекабеско АД

Одлична 2024 година за Пекабеско АД

Пекабеско АД за периодот Јануари-Декември 2024 оствари добива на износ од 174.142.000 денари и е повисока од претходната година за 19 отсто.

Остварените вкупни приходи од работењето во периодот Јануари-Декември 2024 година изнесуваат 5.955 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 година бележат зголемување од 8%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,8%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2023 година бележат зголемување од 8%. Приходите од извоз изнесуваат 832 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 се зголемени за 11%

Остварените вкупни расходи во периодот Јануари-Декември 2024 година изнесуваат 5.767 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 година бележат зголемување од 7%.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП