Модерниот начин на купување е дијаметрално различен од она што повозрасните генерации се навикнати да го практикуваат. Ако некогаш локалниот „драгстор“ беше место каде што може да се пронајде сè што ни е потребно на едно место, сега веќе не е така.
Денес има изобилство на различни маркети специјализирани за различен тип на производи. Одиме на едно место за основни продукти, на друго за зеленчук и овошје и на трето за нега на телото. Не само што одиме на различни локации, туку секоја од овие бранши, исто така, има и различни брендови кои ни се допаѓаат повеќе или помалку, нудат подобри или полоши цени и ни даваат различен тип на услуга.
Со други зборови, некогашното одење од точка А до точка Б, односно од дома до продавница за да купиме нешто, денес е различно од многу причини.
Купување прилагодено на личните потреби
Не сите имаат исто сфаќање за тоа што значи шопингот. За некого најважна е широката понуда на производи, за друг тоа се прифатливите цени, а за трет помислата дека во кокретната продавница точно знаат каде што стои и колку чини без разлика кога и да отидат таму.
Со други зборови, секој од нас има засебна идеја и очекувања од еден маркет. Сите ја кроиме својата одлука каде ќе купуваме базирано на некои од овие, но и многу други параметри. На крајот на денот, одбираме локација која идеално ќе се поклопи со нашите потреби и одиме таму каде што се чувствуваме спокојно, среќно и разбрано.
Разни истражувања укажуваат на тоа дека една од најчестите причини за потрошувачите да сменат еден маркет со друг е нивната непостојаност во цените и неможноста да го испланираат својот буџет. На пример, ако омилениот шампон за коса денес чини 200 денари, но следниот месец истиот чини 250 денари, тоа е непријатно изненадување кое ќе го натера купувачот да го побара истиот производ на друго место.
Многу трговски марки не се свесни за потребите и навиките на своите клиенти и единствено се грижат за остварување профит, но некои од нив точно знаат како да им укажат на редовните муштерии дека тие се пред енормниот профит и дека се грижат за нив.
Една таква иницијатива под платформа „Секогаш поволно“ од поодамна има dm. Наместо производи на двонеделни и месечни акции, dm на своите купувачи им нуди голем број на производи кои се карактеризираат со долгорочно поволни цени. Бројот на производи по СЕКОГАШ ПОВОЛНИ цени континуирано се зголемува, а нивните цени нема да бидат зголемени најмалку 4 месеци – за многу производи и многу подолго! Со тоа, важен факт е и тоа што долготрајно поволната цена е значително пониска од редовните цени на пазарот.Тоа значи дека купувачите можат да бидат опуштени при шопингот, да не прават залихи, знаејќи дека истата цена ќе биде и следниот пат кога ќе влезат во продавницата и да ги распределат средствата за оние нешта кои можеби им се еднакво или повеќе потребни од производите на dm.
Ваквиот потег, не само што ќе им заштеди пари на купувачите, туку ќе ги ослободи и од притисокот и стравот дека подоцна ќе биде поскапо. Знаејќи дека цените се фиксни следните четири месеци, тие нема да трошат време влегувајќи повремено да проверат дали нешто се сменило, да бркаат акции или да бараат одредени производи кои некој веќе ги купил целосно од страв дека подоцна ќе бидат поскапи.
Правилен план и програма штедат време, пари и нерви
Сето она што го напишавме погоре укажува на фактот дека денес шопингот е истоштувачко искуство и е далеку поразлично од порано. Токму затоа е важно секој од нас да има правилен план и програма, бидејќи тие ќе му заштедат време, пари и ќе го намалат драстично стресот кој доаѓа од непријатните изненадувања.
Секој од нас треба да одбере бренд и маркет каде е ценет, каде знае што може да очекува и правилно го менаџира сопствениот буџет, но и место каде што цените нема да скокаат со секое влегување во продавницата.
Ваквиот пристап кон купувањето значи правилна распределба на парите. Ако направите прецизен план и програма, секогаш ќе имате доволно за основните намирници, но и за нештата кои ви причинуваат задоволство.