16 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСекој може и треба да помогне за поубава животна средина

Секој може и треба да помогне за поубава животна средина

Сите сонуваме за едно подобро утре и посакуваме сите проблеми околу нас магично да се решат. Сепак, немаме магично стапче, ниту некој може преку ноќ да ги реши општествените проблеми, но тоа не значи дека сите треба да кренеме раце и да го прифатиме тоа.

Секој од нас може да направи промена и ако сплотени се потрудиме да го сториме тоа, промената нема да изостане. Најлесно е да чекаме од некој друг, но подобро е да ги земеме работите во свои раце и сами да ја направиме земјата поубаво место за живеење.

Нема простор за изговори

Многу често наоѓаме изговори за она што не сакаме да го направиме. Може да се каже дека наша општа карактеристика е да чекаме некој друг да го заврши она што е за општо добро. Сепак, ова не е време за мрзеливост и изговори.

Ако до сега се вадевме дека „нема пари“ или нешто слично, сега веќе нема простор за такви изговори. Огромен број на институции постојано распишуваат конкурси за подобрување на животната средина, а ако не сакате да се занимавате со нив, тогаш искористете ги приватните иницијативи, како онаа на dm дрогерие маркт кои имаат активен конкурс за пријава на проекти.

На конкурсот може да се пријават различни типови на здруженија и организации со идеи за подобрување на животната средина, биодиверзитетот и зачувување на природата, но и сите зелени идеи кои се поврзани со зачувувањето на нашите природни богатства.

dm дрогерие маркт ќе ги поддржи одбраните проекти на конкурсот со финансиски средства. Со други зборови, доколку сметате дека воздухот во вашиот град е загаден, направете детален план и програма со предлози и решенија за конкретната ситуација. Секој град има своја приказна и свои проблеми, а со ова во голема мера може да се подобри загадувањето.

Да ги зачуваме природните убавини на нашата земја

Ако со нешто Македонија е богата, тоа е со природните убавини. Но, индустријализацијата и немарноста на нејзините жители многу често ги доведуваат во опасност овие убавини.

Опожарени брда и планини кои треба да се обноват, загадени реки на кои им се потребни модерни филтри, порибување на езера чиј водостој е намален, истражување на загрозените животински видови, како рисот кој оди по жица и има потреба од поддршка за да опстане на овие простори, но и многу други теми за кои сметате дека итно треба да се решат – сè се тоа теми на кои ние самите мора да обрнеме повеќе внимание.

Искористете ги можностите и вклучете се во подобрување на животната средина во земјата, како за луѓето, така и за уникатната флора и фауна на овие простори. Ако сами не се потрудиме, никој тоа нема да го стори за нас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП