Профитот на „Swatch Group“ драстично падна во 2024-та година поради падот на продажбата поттикнат од падот на побарувачката од кинеските потрошувачи, пишува „Bloomberg“.
Оперативната добивка падна на 304 милиони швајцарски франци (335 милиони долари), што е под прогнозите на аналитичарите и за речиси 75% пониско од претходната година. Приходите од продажба се намалија за 12,2%.
„Swatch“се бори со забрзаната инфлација, што ги натера потрошувачите да ги ограничат своите трошоци по бумот за време на пандемијата. Најпритиснати се купувачите кои не се толку богати, што се одрази на продажбата во компании како „Swatch“ и „Tissot“. Главниот извршен директор Ник Хајек очекува продажбата на овие брендови да закрепне побрзо од оние на поскапите производи, рече тој во јули.
Групата, чии брендови ги вклучуваат „Omega“, „Blancpain“ и производителот на накит „Harry Winston“, сега тврди дека „свесно ги одржува производствените капацитети и работните места“ и дека тоа доведе до „силно негативен оперативен резултат во производниот сегмент“.
Компанијата очекува значителни подобрувања во продажбата и резултатите во 2025-та година, иако побарувачката во Кина „ќе продолжи да биде прилично пригушена“.
И управата и управниот одбор на компанијата се контролирани од семејството Хајек, кое постојано се судри со некои акционери кои го критикуваат корпоративното управување и перформансите на акциите. Акциите на „Swatch“ паднаа за околу 20% во изминатата година.