5 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Novo Nordisk“ губи повеќе од 25% од својата вредност по слабите резултати...

„Novo Nordisk“ губи повеќе од 25% од својата вредност по слабите резултати на новиот лек

„Novo Nordisk“, една од најголемите европски компании, изгуби повеќе од една четвртина од својата вредност во петокот, откако нејзиниот најнов лек против дебелина не ја исполни целта на производителот за просечно слабеење од 25 проценти.

„CagriSema“ им помогна на пациентите да изгубат просечно 22,7 отсто од нивната телесна тежина во доцната фаза на испитување, соопшти компанијата во петокот, тесно надминувајќи ги резултатите од „Mounjaro“, ривалскиот третман на „Eli Lilly“.

Како резултат на тоа, акциите на компанијата паднаа за цели 27% за време на пладневното тргување во Данска.

Мартин Холст Ланге, извршен потпретседател за развој во „Novo Nordisk“, рече дека само 57 отсто од пациентите примиле најголема доза од лекот.

„Охрабрени сме од профилот за намалување на тежината на ‘CagriSema’“, коментира тој, цитиран од „Financial Times“.

„Novo Nordisk“ и „Eli Lilly“ се натпреваруваат за доминација на пазар кој порасна седум пати за само три години и во 2023-та година ќе достигне 24 милијарди долари, покажуваат податоците на аналитичката компанија „Iqvia“.

„Novo Nordisk“ се надеваше дека неговиот лек за слабеење од „следната генерација“ би можел да го води патот откако неговите акции се бореле да го задржат чекорот со „Eli Lilly“. Данскиот гигант, исто така, претрпе неуспех од разочарувачките резултати за експериментална пилула за слабеење во септември.

„’CagriSema’ е навистина важен за нас“, изјави извршниот директор Ларс Фројергард Јоргенсен за Financial Times во ноември.

„Ова е производ од следната генерација и има потенцијал да биде најдобар во класата“, додаде тој.

Пациентите кои примале „Mounjaro“ изгубиле во просек 22,5% од нивната тежина во фаза 3 испитувања кога биле земени како дел од режимот на подобрена исхрана и вежбање. Оние кои земаа „Wegovy“, исто така направен од „Novo Nordisk“, изгубија во просек околу 15% под слични услови.

Околу 40% од пациентите во испитувањето „CagriSema“ постигнале 25% губење на тежината во текот на 68 недели.

„CagriSema“ го комбинира семаглутидот, активната состојка во „Wegovy“ и „Ozempic“, со кагрилинтид, уште еден хормон кој прави луѓето да се чувствуваат посити подолго време.

Студијата, спроведена меѓу 3.417 луѓе кои земале неделна инјекција, покажа дека најчестите несакани ефекти се гастроинтестиналните, при што повеќето од нив се благи и умерени и се намалуваат со текот на времето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП