Германскиот осигурител „Allianz SE“, кој е сопственик на „Pacific Investment Management Co.“, вети дека ќе плати поголем дел од добивката на акционерите бидејќи главниот извршен директор Оливер Бете сака да ја зголеми дивидендата, пишува „Bloomberg“.
Фирмата планира да исплати најмалку 75% од нето добивката на акционерите преку дивиденди и откуп на акции во следните три години. „Allianz“ претходно имаше цел да врати 60% од профитот на инвеститорите преку дивиденди, кои ќе бидат исполнети.

