Раст на финансискиот пазар и диверзификација на понудата се клучните придобивки од зголеменото преземање на нефункционалните пласмани во земјава. Во развој на овој сегмент од финансискиот пазар клучна улога има усогласувањето на регулативата со новата директива на Европската унија за нефункционалните пласмани. Како резултат на солидната експертиза од повеќе европски пазари, ЕОС Матрикс во 2023 и во текот на 2024 година инвестираше 5 милиони евра и е лидер во овој сегмент на финансискиот пазар.
„Зајакнување на финансиската солвентност и подобрување на конкурентноста на реалниот сектор е клучен фактор за поттикнување на економскиот раст. Иако нашата земја сѐ уште не е членка на Европската унија, нашата компанија која е дел од Групацијата ЕОС веќе работи според директивата за нефункционални пласмани. Моменталните анализи покажуваат дека на ниво на индустрија најмногу треба да работиме на намалување на изложеноста на променливите каматни стапки, кои покажуваат ризик, намалување на стапката на нефункционални кредити и намалување на ризиците на изложеноста на комерцијалните недвижности. Покрај детектираните слабости, домашниот пазар има и голем потенцијал за раст, а унапредувањето на регулативата не само што ќе го овозможи овој раст, туку и ќе го забрза“, истакна д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОС Матрикс во Македонија и Косово.


