Стареењето на населението е еден од најголемите економски и социјални предизвици со кои се соочува нашата земја.
Со порастот на постарата популација и намалувањето на младата работна сила, оваа демографска промена влијае врз пензискиот систем, здравството и врз економскиот раст.
Во продолжение следува анализа на клучните предизвици што ги носи оваа тенденција.
Според податоците од Државниот завод за статистика, бројот на лица над 65 години постојано се зголемува, додека бројот на млади луѓе се намалува.
Ова го притиска пензискиот систем кој се базира на принципот на солидарност, каде младите го поддржуваат системот од кој потоа и тие ќе имаат корист.
Сепак, со намалување на младата работна сила, одржливоста на овој систем е доведена под знак прашалник.
Доколку не се преземат мерки за реформи, постои ризик пензискиот систем да се соочи со финансиска нестабилност во иднина.
„Со оглед на зголемената животна возраст, пензискиот систем е под сè поголем притисок, бидејќи бројот на пензионери се зголемува, додека бројот на работоспособни лица кои придонесуваат во системот се намалува. Во ваква ситуација, неопходни се структурни реформи за да се обезбеди долгорочна стабилност на системот“, коментираат економските аналитичари.
Покрај пензискиот систем, стареењето на населението создава и дополнителен товар врз здравствениот сектор.
Постарите лица обично имаат поголема потреба од здравствени услуги, што значи дека се зголемуваат трошоците за медицинска нега, третмани и долгорочно згрижување.
Со оглед на тоа што бројот на здравствени работници исто така се намалува, здравствениот систем се соочува со предизвикот да обезбеди квалитетна нега за сите пациенти, а притоа да не ги надмине финансиските капацитети.
Системските промени, како што се реформирање на пензискиот систем, зголемување на бројот на здравствени работници и инвестиции во превентивна медицина, се клучни за одржување на економската стабилност.
Во спротивно, ризикуваме не само финансиска криза, туку и социјална нестабилност што може да го загрози квалитетот на животот на сите граѓани.
Б.З.М.