8 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнисите во Русија стравуваат од банкрот поради активностите на централната банка

Бизнисите во Русија стравуваат од банкрот поради активностите на централната банка

Минатата недела руската централна банка ги зголеми каматните стапки на 21%, нивото со кое институцијата ја спаси економијата во раните денови од војната во Украина. Целта е да се ограничи инфлацијата, која според официјалната статистика изнесува 8,4 отсто заклучно со 21-ви октомври.

Но, дури и бизнисмени блиски до рускиот претседател Владимир Путин почнаа да се грижат за тоа што се случува. Шефот на државната корпорација „Ростех“ Сергеј Чемезов за руските медиуми коментираше дека високата каматна стапка и се заканува на индустријата во земјата со банкрот бидејќи ја зголемува цената на позајмениот капитал, пишува „Newsweek“.

„Ниту една дејност нема профитабилност од 20%, освен можеби трговијата со дрога. Но, ниту продажбата на оружје не носи таков профит“, вели Чемезов, додавајќи дека во оваа ситуација е неисплатливо компаниите да бараат кредити и веројатно е дека стечај.

Според директорот на „Ростех“, меѓу најпогодените се компаниите како неговата – развиваат високотехнолошки производи, бидејќи авансните плаќања од клиенти покриваат 30-40% од вредноста на производството, а остатокот се од кредити. Сега високите каматни стапки јадат во профитните маржи.

Стравувањата на бизнисменот се дека руската економија оди кон стагфлација – бавен економски раст и неможност да се контролира инфлацијата.

На почетокот на октомври, друг бизнисмен близок до рускиот претседател – сопственикот на „Северстал“ Алексеј Мордашов, истакна дека руската централна банка „претерува“. Според него, инфлацијата во износ од 8-9% не е сериозен проблем, но зголемените камати – стоп за економијата.

Инфлацијата во Русија е поттикната од плаќањата за војната во Украина, кои постојано растат. Затоа централната банка изјави дека каматите може да бидат зголемени на следната седница закажана за 20-ти декември.

„Инфлациските очекувања продолжуваат да растат. Растот на домашната побарувачка значително ги надминува можностите за проширување на понудата на стоки и услуги“, се вели во соопштението на институцијата во петокот (25-ти октомври).

Според податоците на Централната банка на Русија, во септември основната инфлација беше 9,1%, а до крајот на годината ќе се движи во опсег од 8-8,5%. Економијата забавува во однос на првата половина од годинава и една од причините е немањето доволно работна сила и ограничената понуда.

Руската економија се прегреа

Руската економија се прегреа, но Владимир Путин може да си дозволи да се бори повеќе, пишува во материјалот „Вашингтон пост“. Причината се приходите од продажба на нафта и неефикасните западни санкции, кои овозможуваат пристап до важни делови за воената индустрија. Експертите цитирани од „WP“ ги опишуваат санкциите против Русија како неефикасни бидејќи тие не влијаат на просечниот Русин – тие продолжуваат да можат да купуваат западни стоки затоа што добиваат повисоки плати и имаат пристап до западни стоки, дури и до луксузни. На овој начин руското општество не би се свртило против властите.

Изданието истакнува дека инфлацијата е поттикната токму од високите плати – и во војската и во секторите кои не се поврзани со војната, кои инаку тешко наоѓаат кадар. Во оваа ситуација ќе се намалат социјалните трошоци – за образование, здравство и слично, но и тоа нема да влијае на менаџментот на Путин, кој ја одржува својата власт со авторитарни методи, посочува и изданието.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП