18 јануари, 2025
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Росица Петрова, Македонски Телеком - Една година Magenta Moments -...

Интервју со Росица Петрова, Македонски Телеком – Една година Magenta Moments – успешна приказна за корисниците и за партнерите

Помина цела една година откако платформата Magenta Moments се појави на мобилната апликација Telekom MK и брзо стана популарен избор на преку 230.000 корисници коишто редовно ги користат придобивките, попустите и подароците коишто таа ги нуди. Преку оваа интернационална програма, Телеком го проширува своето поле на делување и надвор од телекомуникацискиот бизнис и им нуди на корисниците вистинска вредност.

За идејата зад создавањето на Magenta Moments и за впечатоците по првата година од постоењето разговаравме со Росица Петрова од Македонски Телеком, проектен лидер на програмата.

Денар: Magenta Moments одбележа една година постоење, а нејзината популарност се чини дека е во пораст. Какви се првите впечатоци? Дали сте задоволни од начинот на кој домашните корисници ја прифатија програмата?

-Навистина е така. За една година, Magenta Moments успеа да направи среќни многу корисници, што нас особено нѐ радува бидејќи луѓето брзо и лесно ја препознаа вредноста на оваа платформа. Тоа го потврдуваат и бројките, според кои преку 230.000 луѓе секојдневно ја користат програмата и придобивките. За само една година, со специјалните понуди на Magenta Moments, забележани се повеќе од 100 милиони импресии и доделени се преку 950 милиони Magenta срца. Срцата се особено интересни за корисниците, бидејќи со нив тие отклучуваат ексклузивни понуди и учествуваат во игрите преку кои добиваат многу подароци. Воедно, на овој начин, тие остануваат мотивирани да ја користат апликацијата Telekom MK како дигитален канал за извршување на основните трансакции на брз и лесен начин. Досегашниот одзив на корисниците јасно ни покажува дека македонските корисници се заинтересирани за вакви понуди и отворени се да ги користат, но навистина нѐ радува и фактот дека за само една година Magenta Moments успеа да привлече и многу партнери на програмата, што доведе до значително побогат спектар на понуди и попусти. Партнерите ја препознаваат вредноста на Magenta Moments како дигитална платформа за промоција на својот бренд, а со тоа директно влијаат врз зголемување на бројот на своите корисници, како и на нивното задоволство. Горди сме што можеме да кажеме дека Magenta Moments е најголемата програма за ангажирање на корисниците на нашиот пазар и секојдневен придружник на нашите корисници.

Денар: Како што знаеме, се работи за поширок проект којшто опфаќа многу повеќе од само територијата на Македонија. Како започна идејата за Magenta Moments?

Така е, ова е глобален проект на Дојче Телеком којшто се роди како иницијатива којашто ја претставува посветеноста на брендот да биде со корисниците во секој аспект од нивниот живот, обезбедувајќи им извонредно искуство на секој чекор, не само во однос на телекомуникациските услуги. Идејата потекнува од креаторот на програмата Арнаб Госвами, одговорен за ангажирањето на корисниците во сите оператори на Дојче Телеком на ниво на Европа, чијшто ентузијазам и посветеност овозможија Magenta Moments да допре до срцата на многу корисници во цела Европа. Ние од Македонски Телеком, заедно со колегите од Хрватска, Полска и Чешка, бевме првите оператори коишто учествуваа во креирањето на програмата од самиот почеток, како и првите коишто ја тестираа и ја пуштија програмата во употреба на своите пазари. Денес, освен во овие земји, програмата веќе се применува и во Австрија, Словачка, Унгарија и Црна Гора, а наскоро и во Грција.

Денар: Која е целта што Дојче Телеком сака да ја постигне со оваа програма?

Оваа програма е клучен дел од стратегијата на Дојче Телеком да ја прошири својата сфера на делување и надвор од телекомуникацискиот бизнис, надоградувајќи ја својата вредна база на корисници, брендот и партнерствата. Со Magenta Moments одиме чекор понатаму и стануваме секојдневен придружник којшто им нуди вистинска вредност на своите корисници. Дојче Телеком е првата телекомуникациска компанија којашто, преку Magenta Moments, го применува своето меѓународно присуство за директна придобивка на корисниците ширум Европа.

Денар: Оваа платформа ги спојува корисниците со партнерите и им обезбедува бројни поволности, им дава пристап до попусти и повремено ги наградува со вредни подароци. Но, какви се придобивките за партнерите? Какви поволности имаат тие од учеството во програмата Magenta Moments?

Magenta Moments е заедничка успешна приказна на Македонски Телеком и партнерите. За само една година, откако беше лансирана платформата, се приклучија преку 500 компании коишто станаа наши партнери. Преку давање попусти и поволности, партнерите го зајакнуваат својот бренд и добиваат платформа каде што можат да ги промовираат своите производи. Преку Magenta Moments нашите партнери се поблиску до своите корисници бидејќи имаат на располагање многу алатки и атрактивни медиа елементи со кои можат да прават кампањи и да стекнат значителна вредност на брендот и задоволство на корисниците.

Денар: Дали Македонски Телеком има планови за Magenta Moments во иднина? Што можат да очекуваат корисниците во следната година?

Секако дека планот е да се развива програмата Magenta Moments со што повеќе понуди, партнери и, се разбира, корисници. Во моментов се активни oктомвриските роденденски понуди на Magenta Moments, со кои корисниците можат да одберат меѓу разни попусти или да добијат вредни подароци. Ова е наш начин да им се заблагодариме на корисниците за оваа успешна приказна којашто трае една година и којашто ја испишавме заедно. Magenta Moments ќе продолжи да се развива и збогатува, а од наредната година програмата ќе стекне и меѓународен карактер, што значи дека кога корисниците ќе патуваат во земјите-учеснички на Magenta Moments тие ќе можат да уживаат во понудите коишто се достапни во соодветната земја. Се работи и на многу нови иновативни функционалности коишто за корисниците ќе значат поволности во секоја сфера на нивното живеење, односно, Magenta Moments уште повеќе ќе ја зајакне врската на Македонски Телеком со корисниците, со цел да се понуди најдобрата услуга и ускуство за нив од секој аспект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП