28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХрватска и Словенија не постигнаа договор за спорот околу „Љубљанска Банка“

Хрватска и Словенија не постигнаа договор за спорот околу „Љубљанска Банка“

nlbbanka

Министрите за надворешни работи на Хрватска и на Словенија, Весна Пусиќ и Карл Ерјавец на синоќешната средба во Брисел не постигнаа договор за надминување на спорот околу девизните заштеди на хрватските граѓани во некогашната „Љубљанска Банка“ и за отпочнување на процесот на ратификација на Договорт за членство на Загреб во ЕУ во Словенија.

Сепак, според информациите на хрватските медиуми, Пусиќ и Ерјавец се договориле да одржат нова средба на 6 февруари во Словенија, на која според шефицата на хрватската дипломатија би можело „стручно и политички да се дефинира решение“ на проблемот.

По средбата во Брисел, Пусиќ изјави дека Словенија нема да биде последната членка на ЕУ што ќе го ратификува пристапниот Договор на Хрватска, додека Ерјавец нагласи дека е можно во текот на февруари Загреб и Љубљана да прифатат решение кои би го утврдиле финансиските експерти.

Словенија е единствена од 27-те земји-членки на ЕУ која се уште не го отпочнала процесот за ратификација на Договорот за членство на Хрватска во Унијата. Почетокот на процесот Љубљана го условува со хрватско повлекување на полномоштвото на банките кои ја тужеа „Љубљанска банка“ во врска со пропаднатите девизни заштеди на почетокот на 90-те години на минатиот век, за кои банката ги обештеди словенечките граѓани, но не и нејзините штедачи од другите поранешни југословенски републики.

По распадот на некогашна СФР Југославија, беше прогласен банкрот на „Љубљанска банка“ и со нејзиниот капитал Словенија ја формира државната „Нова љубљанска банка“ (НЛБ), која одби да ги прифати обврските и долгувањата на нејзината претходничка. Според Словенија, пробелмот со обештетување на пропаднати девизни заштеди меѓу земјите од поранешна СФРЈ треба да се реши со договорот за сукцесија на имотот на некогашната заеднилка држава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП