28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФолксваген го зголеми кварталниот профит

Фолксваген го зголеми кварталниот профит

folski

Германскиот производител на возила Фолксваген го зголеми оперативниот профит во третиот квартал. Овие резултати ги објави компанијата преку соопштение.

Рекордната продажба на Ауди и Порше ги компензираше трошоците од реструктуирањето.

Оперативниот профит на најголемиот европски производител на автомобили во периодот од јули до септември изнесувал 2.78 милијарди евра, во споредба со истиот квартал од минатата година кога изнесуваше 2.32 милијарди евра. Оваа бројка беше подобра и во однос на 2.77 милијарди колку што предвидуваа аналитичарите дека ќе оствари компанијата.

Приходите од продажбата изнесувале 46.99 милијарди евра, што е пак под нивото на очекувањата на финансиските експерти (49.2 милијарди евра).

Фолксваген ја потврди прогнозата за оперативниот профит, па се очекува 2013-та да биде на исто ниво како и во 2012-та година кога тој изнесуваше 11.5 милијарди евра. Што се однесува до продажбата и до обемот на испораките, во компанијата предвидуваат рекордни резлутати за целата 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП