13 октомври, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСе појави нова варијанта на корона: Овие се четирите главни симптоми и...

Се појави нова варијанта на корона: Овие се четирите главни симптоми и велат дека ќе владеат во текот на есента и зимата

Луѓето почнаа да се разболуваат од нова варијанта на Ковид, а научниците веруваат дека наскоро би можел да стане доминантен.

Новата варијанта наречена XEC е лоцирана во Германија во јуни, а оттогаш се појави во Велика Британија, САД, Данска и уште неколку земји, пишува „Би-би-си“.

Утврдено е дека XEC има некои нови мутации кои би можеле да помогнат оваа варијанта да се развие за време на есента, иако експертите веруваат дека вакцината може да помогне да се спречат потешки случаи.

Професорот Франсоа Балу, директор на Институтот за генетика на Универзитетот во Лондон, рече дека XEC може да стане доминантна подваријанта во текот на зимата.

Четирите најчести симптоми

Симптомите кои ги имаат заболените од варијантата XEC се слични на оние кои се јавуваат при настинка и грип, како и досега, а четирите најчести се: висока температура, болки, замор и кашлица или болки во грлото.

Повеќето пациенти се чувствуваат подобро неколку недели откако ќе се заразат, но закрепнувањето може да потрае подолго. Аналитичарот кој ги анализира податоците за Ковид, Мајк Хени, истакнува дека има силно зголемување на бројот на заболени од варијантата XEC во Данска и Германија.

Во исто време, има помалку рутински тестови од претходно, така што е потешко да се знае колку навистина е присутен КОВИД. Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (UKHSA) вели дека е нормално вирусите да мутираат и да се менуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП