Апликацијата TelekomMK слави пет години успешна работа и повеќе од 340 000 задоволни корисници. Создадена за дигитално корисничко искуство и дополнителна вредност, апликацијата во текот на годините се дополнуваше и се збогатуваше со нови функционалности, од кои особено значајна е програмата Magenta Moments, којашто за само една година стекна над 213 000 корисници.
„Искуството на корисниците за нас е најважно. А дигиталното корисничко искуство станува главен приоритет за телекомуникациските компании секаде низ светот. Токму тоа го овозможува апликацијата TelekomMK: брз и едноставен дигитален пристап до сите услуги, информации и понуди, но отвора и нов свет на поволности. Ќе продолжиме да ја надградуваме TelekomMK за да станува уште подобра, а неделава славиме заедно со нашите корисници со многу награди и подароци“ – изјави Емилија Андоновска, Главен комерцијален директор за приватни корисници во Македонски Телеком.

