19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроблемот со кадар ќе се надмине кога ќе се воспостави образование по...

Проблемот со кадар ќе се надмине кога ќе се воспостави образование по мерка на учениците!

Се почести се обидите на државата и приватниот сектор со заеднички сили да се справуваат со проблемот наречен работен кадар.

Од дуално образование, преку засилени кампањи за упис во средните стручни училишта па се до нудење на разни бенефити на идните вработени и би ги имале само да се одлучат да бидат дел од пазарот на труд во земјава, а особено ако тие се одлучат за некоја од дефицитарните професи. Се почесто поддршка дава и невладиниот сектор кој преку проекти зема учество во надминување на овој глобален проблем. Ставот на невладините е дека потребно е системско решение кое ќе одговори на реалните потреби на учениците, а тоа ќе биде овозможено и со паметно инвестирање во наставниот кадар, но и во самата образовна инфраструктура.

Здружението за истражување и анализи смета дека се уште постои начин како да се обезбеди поефикасен и поефективен образовен систем кој ќе овозможи да се подобрат постигнувањата на учениците. Тие велат дека потребно е образование кое е фокусирано на децата. Децата, независно од местото на живеење треба да учат во исти услови и да имаат еднакви можности за напредок и развој.

„Како земја треба да обезбедуваме повеќе средства за во образование и детски развој. Во моментов одвојуваме недоволно и немаме стандардизиран систем на трошење кој одговара на вистинските потреби за образование. Веруваме дека и натаму треба да разговараме за иднината на образованието и како истото да одговори на образованите потреби на сите деца“, велат од ЗМАИ.

Од ресорното министерство велат дека постои заложба на надлежните во овој сектор која треба да обезбеди образование фокусирано на учениците.

„Системот мора да се прилагодува на моменталните демографски движења. Во училиштата што имаат две, три или десет деца, ќе треба учениците да се припојат на централните училишта каде има повеќе ученици за и тие да имаат бенефит пристап до квалитетен образовен систем. Прво тоа ќе овозможи да се социјализираат со ученици од своја возраст, ќе се сместат во подобри инфраструктурни услови, ќе имаат подобри информатички и технички средства за користење, ќе имаат поголем број на наставници, ќе се издвојат од сопствената средината каде се заробени по цел ден и ќе да се дружат со деца каде ќе може со тоа да развијат и компетитивни способности“, велат од Министерството за образование.

Невладиниот сектор смета дека за почеток треба да се стави акцент на четири главни сегменти, и тоа: Ставовите на учениците, родителите и практичарите наставниците и директорите како и очекувањата за подобро образование. Да се работи на училишната инфраструктура и можностите за подобрување на училишната мрежа. Потоа на наставниот кадар и можностите за унапредување и проширување на компетенциите на наставниците. Финансирањето на образованието од перспективна гледна точка на единиците на локална самоуправа и потребата за нов пристап во пресметувањето на блок дотациите.

Ваквите активности во кои се вклучени сите засегнати страни даваат дополнителен оптимизам дека работите може да одат на подобро. Стопанството кубури со квалификуван кадар, а токму тој профил на граѓани се најчестите кои решаваат среќата да ја побараат во странство. На овој начин, со реформи од самиот старт на образованието може работите да се променат на подобро.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП